И за вредме на погребот на Џорџ Флојд, насилните протести продолжија ширум САД

Кулминација на полициската бруталност на плоштадот Нијагара во Бафало точно пред општинската зграда во момент кога полицијата го расчистуваше просторот после антирасните протести. Двајца полицајци турнаа на земја неидентификуван маж кој падна на плочникот и почна да крвари од главата. По објавувањето на снимката во локалните медиуми, полицајците се суспендирани.

Во истовреме тројцата полицајци од Минеаполис кои се обвинети за помагање и поттикнување на убиството на Џорџ Флојд се соочени со казна затвор до 40 години, тие пред судот понудија милион долари кауцаја за привремено ослободување. Извршителот на убиството полицаецот Дерек Шовин веќе е обвинет за убиство без предумисла, односно убиство од втор степен.

Во капелата на универзитетот во Минеаполис пред златниот сандак на починатиот афроамериканец со тишина од осум минути и 46 секунди онолку колку што Шовин го држеше коленото на вратот Флојд, познати личности, активисти за граѓански права, политичари, обични граѓани, пријатели и семејството го испратија афроамериканецот во вечното почивалиште.

Една работа која ја барав од Господ и после животот, да ги живеам во Господовиот дом сите денови на животот. Да ја гледам господовата убавина и да истражувам во неговиот храм, бидејќи во време на невољи ќе ме скрие во својот павиљон, во тајните на неговата таверна ќе ме скрие. Тој ќе ме постави на карпата, вели Џери Мекафе, пастир на баптистичка црква.

Смртта на 46-годишниот Флојд предизвика големи протести низ САД против расизмот и полициската бруталност врз Афроамериканците. Мал но, достоен за почит гест направи тројца полицајци во Тенеси кои клекнаа на колена во знак на солидарност со демонстрантите.

Меркел го осуди „расистичкото“ убиство и побара политиката да се обиде да ги зближи луѓето и да ги помири.

Би сакала ова (поделено општество) да не се случеше во САД, туку земјата да се обедини. Убиството на Џорџ Флојф е страшно, тоа е расизам. Ние исто така имаме расизам и во нашата земја и затоа имаме полни раце работа. Сакам јасно да кажам, дека верувам во демократскиот капацитет на САД да ја решат оваа тешка ситуација, истакна Ангела Меркел, канцелар на Германија.

Трамп реши да ја повлече војската од улиците на Вашингтон, но веќе заработи тужба од активисти за човекови права поради бруталниот однос на полицијата кон мирните демонстранти пред Белата куќа.

А американскиот обвинтел, Вилијам Бар, вината ја насочи кон странските актери, кои вели, играат за сите страни и го поткопуваат насилството на протестите. Но тој не прецизираше за кои земји станува збор.

Државниот обвинител соопшти дека во протестните акции во САД кои започнаа на 30 мај, 114 припадици на безбедносните служби биле повредени, а 22 службеници биле хоспитализирани. Во најголем дел од тие кои се наоѓаат во болница, имале сериозни повреди на главата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.