И жените ќе одат во пензија на 64 години

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во готувањето на ТВ 24 истакна дека во собраниска процедура во моментот се наоѓаат четири закони: законот за работни односи, законот за вработени во јавната администрација, законот за здравствена заштита и законот за вработени во високото образование.

-Сите четири закони претставуваат дел од закони кои предвидува пензионирање со 64 години и 15 години пензиски стаж. Тоа е основниот услов за одење во пензија. Не за жени со 62, туку за сите е 64 години. Овие четири закон ги предложија пратениците, но се кординиараа со нас, рече министерката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.