ИААФ призна дека Ортега е оштетен во финалето на 110 со пречки

Апелацијата на Интернационалната атлетска федерација, ИААФ, призна дека Шпанецот Орландо Ортега бил оштетен во финалето на 110 метри со пречки, но трката нема да биде повторена.

На контроверзната трка на Светското првенство во Доха, победи Американецот Халовеј, а Ортега беше на добар пат да го освои второто или третото место, но грешката на Омар Меклеод од Јамајка кој трчаше до него, го спречи Шпанецот да обезбеди висок пласман, бидејќи му го наруши балансот.

Меклеод ја загуби контролата, и пред последната пречка влезе во патеката на Ортега, го држеше во обид да се задржи на нозе, но сепак падна, а голема штета му направи и на Шпанецот кој жали за загубениот медал.