ИАЕ повикува на помалку патување заради заштеда на енергија

Меѓународната агенција за енергетика, ИАЕ, предупреди дека пазарите на нафта се наоѓаат во „вонредна ситуација“ и ги повика западните земји да ја намалат потрошувачката на енергија со ограничување на патувањата со авион и со автомобил, објави Националниот комитет на Србија. 

Инаку, ИЕА отиде и понатаму од финансиската компанија Морган-Стенли во проценката, колкави можат да  бидат загубите на пазарот на нафта поради војната во Украина.

Имено, аналитичарите на компанијата Морган-Стенли проценуваат дека пазарите на нафта можат да изгубат три милиони барели дневно, почнувајќи од овој месец.

Според проценките на ИАЕ, пак, светот троши околу 100 милиони барели нафта дневно.