Иако нема заразени од коронавирусот, и Црна Гора со забрана за собири и запирање на наставата

Црногорскиот штаб за заразни болести донесе одлука во петокот, иако во земјата нема регистиран случај на зараза со новиот сој коронавирус, забрана за сите јавни и приватни собири, запирање на наставара на најмалку 15 дена, и забрана за впловување на крузери и јахти во црногорските пристаништа.

Како што пренесуваат подгоричките електронски медиуми, предупредено е дека овие одредби подлежат на кривична одговорност.

„Димензиите на епидемијата се такви што нема здравствен систем кој може да одговори во целосна мера. Црна Гора досега не откри ниеден случај“, изјави црногорскиот вицепремиер Милутин Симовиќ, додавајќи дека владата ги следи препораките на Светската здравствена организација поврзани со мерките за контрола.

Според него, Црна Гора не смее да ја направи грешката што ја направиле некои земји во Европа.

„Сите сме на иста задача, да се заштити здравјето на сите граѓани. Ги повикуваме сите граѓани на заедништво и заеднички одговор на целото општество“, рекол Симовиќ.

Црногорскиот министер за здравство, Кенан Храповиќ, изјавил дека со новите мерки, влезот во Црна Гора е забранет за лица кои доаѓаат од Словенија, Германија, Франција, Швајцарија и Данска, а забрането е и патување во овие земји. Апелирал до граѓаните да ги одложат сите лекарски прегледи кои може да се одложат.

„Црна Гора учи на грешките на другите и досега дадовме добар одговор. Немаме право да здивнеме. Здравствените институции ќе работат во посебен режим“, соопштил Храповиќ.

Препорачано е, исто така, и министерството за внатрешни работи на Црна Гора провремено да ги затвори помалите гранични премини.

Поради одлуката за затворање на детските градиники и сите образовни установи, родителите на децата помлади од 11 години ќе имаат платено отсуство од работа, додека сите вработени, без разлика дали работат во приватниот или во јавниот сектор, се повикуваат да работат, ако е можно, од дома.

Црногорската влада најави дека особено ќе се внимава на злоупотреба на ситуацијата настаната поради пандемијата од коронавирусот, со кревање на цените на основните животни продукти и производите за хигиена, како и дека ќе се спроведуваат ригорозни мерки против оние кои би ја искористиле оваа ситуација за брзо богатење.

Подоцна и Фудбалскиот сојуз на Црна Гора соопшти дека на недоредено време ги запира сите натпреварувања во негова органзиација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.