Ибра: МЛС, се уште не завршив со тебе!

Златан Ибрахимовиќ потпиша нов договор со Лос Анџелес Галакси. Поранешниот напаѓач на Париз Сен Жермен и Манчестер Јунајтед останува во САД.

Самиот тој ја објави веста на неговиот типичен необичен начин, со видео и напис на Твитер: „МЛС, се уште не сум завршил со тебе”.

37-годишниот Ибра ќе ја продолжи својата кариера во Америка, но сé уште не официјално не објави колку долго ќе трае неговиот нов договор.