Ибра му спаси бод на Милан, Јуве киксна во Венеција

Udinese Calcio vs AC Milan at the Friuli - Dacia Arena stadium in Udine, Italy, 11 December 2021. ANSA/GABRIELE MENIS

Водечкиот на табелата Милан избори реми на гостувањето кај Удинезе во судиското продолжение, давајќи му можност на градскиот ривал Интер да го мине на крајот од 17-то коло во италијанското фудбалско првенство.

Удинезе дојде во водство во 17 минута преку Бето, а играчите на Милан во првото половреме не упатија ниту еден удар во рамките на домашниот гол. Во вториот дел „Росонерите“ ја преземаа иницијатива, но до израмнување дојдоа дури во втората минута од судиското продолжение на мечот, со голмот на Златан Ибрахимовиќ, седмиот сезонава во италијанското првенство. Во завршницата Удинезе остана и со ограч помалку, откако директен црвен картон му беше покажан на Исак Сукес поради нелетување на противничкиот големан.

Милан сега има 39 бодови, а вторпласираниот Интер 37, третиот Наполи е со 36 бодови а четвртопласираните Аталанта има 34 бода, а сите три клуба имаат натпревар помалку.

Венеција ја прекина низата од два пораза играјќи пред своите навачи 1:1 против фаворизираниот Јувентус. Во интересниот дуел, гостите од Торино поведоа со голот на Алваро Мората во 32 минута, а домашните израмнија во 55 минута преку стрелецот Матија Араму.

Јувентус со 28 бодови е на шестото место, а со него бодовно може да се израмни Рома која има три бода и меч помалку. Венеција е 16-та со 16 бодови, шест повеќе од зоната на испаѓање.

Во првиот саботен дуел Фиорентина беше супериорна со 4:0 над Салтернитана. Стрелци за домашните беа Џакомо Бонавенура, во 31 минута, Јусеф Малех во 90 а двоен стрелец беше Душан Влаховиќ кој гаѓаше прецизно во 51 и 84 минута.

Српскиот интернационалец, така во саботата стана само третиот фудбалер последните 60 години во Серија А кој постигнал барем 30 погодоци во една каландерска година. Влаховиќ сега има 32 погодоци во сите натпреварувања, два повеќе од легендарниот Лука Тони кој тоа го оствари во 2005 година, а само еден погодок зад рекордот на Кристијано Роналдо од 2020 година. До крајот на годината, Фиорентина ја очекуваат уште два лигашки дуела, против Сасуаоло и Верона и се очекува Влаховиќ да се израмни или да го мине Роналдо.

На табелата Фиорентина е на петтата позиција, коај води во Лига Европа, со 30 бодови, а Салернитана остана последна 20-та со само осум бодови или четири под местата кои обезбедуваат опстанок во Серија А.

Во недела на распоред се натпреварите: Торино – Болоња, Верона – Аталанта, Сасуоло – Лацион, Наполи – Емполи и Интер – Клајари, а колото го завора во понеделник мечот Рома – Специја.