Ибра објави фотографија од коленото поради кое ќе ја прекинеше кариерата

Легендарниот шведски фудбалер, Златан Ибрахимовиќ ја објави фотографијата на оперираното колено на профилот на Фејсбук. Фотографијата беше снимена пред една година по тешката операција поради која многу експерти му предвидоа крај на неговата кариера.

Сепак, неуништливиот Ибра денес жари и пали во американската МЛС лига, редовно постигнувајќи голов, а Американците го обожаваат.

Повредата се случи во четвртфиналето на Европската лига меѓу тогашниот клуб на Швеѓанецот, „Манчестер јунајтед“ против „Андерлехт“.И покрај неговите години и оваа сериозна повреда, администрацијата на „Црвените Ѓаволи“ му понуди уште една година договор. Ибрахимовиќ беше убедливо најдобриот играч на Јунајтед во сезоната, постигна 28 голови и подели десет асистенции, но Ибра не сакаше ни да слушне.

“Тие ми рекоа дека е готово.Jас им реков дека не е, објани Ибрахимовиќ во свој стил.

Швеѓанецот не се врати во Премиер лигата, но ја прифати понудата на „ЛА Галакси“. Дека тоа беше вистински потег се покажа во досегашниот тек на шампионатот во кој фантастичниот Ибрахимовиќ во 17 натпревари постигна 15 гола.