Ибрахим Мехлиб нов премиер на Египет

Привремениот претседател на Египет, Адил Мансур, за нов премиер го избрал Ибрахим Мехлиб, градежен магнат од ерата на поранешниот египетски претседател, Хосни Мубарак.

Мехлиб подолго од една деценија ја водел најголемата египетска градежна компанија „Араб контрактор“. Тој на местото премиер ќе го наследи Хазим ел Баблави, кој поднесе оставка.

Поставувањето на Мехлиб за премиер за многумина е подготовка за министер за одбрана, а фелдмаршалот Абдел Фатах ел Сиси да се кандидира за претседател на Египет. Тој би морал во таков случај да се демобилизира.

Се смета дека поставувањето на Мехлиб ќе значи смирување на незадоволниот народ поради неуспех на владата да ја обнови економијата и да ги подобри јавните служби.