Ибрахимовиќ ако му требам на Манчестер јунајтед тука сум

Златан Ибрахимовиќ не ја исклучува можноста повторно да се врати во Премиерлигата и да му помогне на Манчестер јунајтед.

„Ѓаволите“ не доведоа замена за Ромелу Лукаку, кој замина во Интер, а се чини во истиот правец заминува и Алексис Санчез. Сега менаџерот Оле Гунар Солшер има проблеми во нападот, бидејќи на располагање има само двајца напаѓачи, Маркус Рашфорд и Ентони Марсијал.

Ибрахимовиќ би бил расположен да се врати во Манчестер, но во моментот се фокусира само на Лос Анџелс галакси.

„Да, лавот и натаму рика. Можам без проблем да играм во Премиерлигата. Ако му требам на Јунајтед, тука сум. Но во моментов ме има Лос Анџелес галакси и моментално само на тоа сум сконцентриран. Јас ја завршив својата работа во Европа. Дојдов во МЛС-лигата со 33 освоени трофеи и се надевам дека можам да освојам и нешто тука.

Швеѓанецот играше две сезони во дресот на Манчестер јунајтед и постигна 28 голови на 46 натпревари во првата сезона. Пред крајот на истата сезона заработи сериозна повреда на коленото, која го оддалечи долго време од терените.