Ибрахимовиќ ќе добие седум милиони евра за една сезона

Челниците на италијанскиот фудбалски великан Милан и 38-годишниот шведски интернационалец Златан Ибрахимовиќ постигнале договор за уште една година, пренесуваат во средата италијанските медуми.

Најдобриот шведски фудбалер на сите времиња, според медиуми, за една година би требало да заработи седум милиони евра, што е за два милиона евра повеќе од првичната понуда на Милан.

Ибрахимовиќ на „Росонерите“ им се приклучи во декември минатата година како слободен играч откако му истече договорот со Лос Анџелес Галакси, и потпиша соработка до крајот на сезоната.

Со своите настапи му помогна на Милан да го поправи лошиот впечаток од почетокот на сезоната, и по корона-паузата да забележи девет победи и три ремија. По одличните игри клупското водство се потруди со сите сили да го задржи Ибарахимовиќ на уште една година, што очигледно им успеало.