Ибрахимовиќ го даде првиот гол по враќањето во Милан

55

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ денес го одигра првиот натпревар за екипата на Милан по неговиот кам – бек во Милано.

Во неофицијалното деби за „росонерите“ против нискологашот Роденсе, Ибрахимовиќ постигна гол и запиша асистенција во победата од 9-0. Милан го започна натпреварот во полн состав, на голот се најде Донарумама, а одбраната се состоеше од Калабрија, Мусакио, Ромањоли и Ернандез. Во средниот ред на теренот истрчаа Пакета, Бенасер и Бонавентура, додека крилните позиции ги покриваа Чалханоглу и Сусо, а истурен во нападот беше Ибрахимовиќ.

Калабрија постигна два гола на денешниот меч, а потоа му асистираше на Ибрахимовиќ кој реализираше за 3-0. Ибра потоа му асистираше на Чалханоглу за четвртиот гол, додека на полувреме се замина со резултат од 5-0, откако погоди и Пакета.

Пиоли го смени целиот тим на полувремето. Пјонтек го замени Ибрахимовиќ во врвот на нападот, кој постигна два гола, а по еднаш реализираа и Кастињехо и Леао за конечни 9-0.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.