Ибрахимовиќ го одбра новиот клуб!

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ повеќе не е слободен агент и веќе го избра новиот клуб, пишуваат медиумите од Италија.

Реномираниот новинар Џанљука Ди Марцо објави дека Ибра донел одлука да потпише за екипата на Милан. Двете страни веќе го имаат првичниот договор, а се треба да биде официјализирано пред новата година.

Ибрахимовиќ со Милан се договорил за шестмесечна соработка до јуни 2020 година, со дополнителна опција тој да го продолжи договорот по крајот на сезоната.

Швеѓанецот играше за „росонерите“ од 2010 до 2012 година, а последната сезона ја мина во редовите на Лос Анџелес Галакси.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.