Ибрахимовиќ поради повреда го пропушта Ливерпул

Giuseppe Meazza stadium in Milan, 1 May 2021. ANSA / MATTEO BAZZI

Шведскиот напаѓач на калчолигашот Милан, Златан Ибрахимовиќ, кој ја повредил Ахиловата тетива, ќе го пропушти првиот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите против англиски Ливерпул во среда, соопшти во вторникот тренерот на „Росонерите“, Стефано Пиоли.

„Изелзе во текот на мечот во неделата со воспаление на тетивата. Се надевавме дека ќе закрепне, но тоа не се случи. Денеска тренираше со екипата, но решение да не ризикуваме“, изјавил Пиоли за Sky Sport.

Ибрахимовиќ, кој набрзо ќе го прослави 40-от роденден, се врати на терените на мечот во неделата против Лацио кој Милан го доби со 2:0, четири месеци по повредата на левото колено од јуни и поради која го пропушти настапот на ЕУРО во дресот на Шведска.

Напаѓачот во неделата одигра половина час и постигна погодок. Сега кога не може да смета на Ибрахимовиќ, Пиоли во нападот има избор меѓу Хрватот Анте Ребиќ или Французинот Оливие Жиру, кој исто така неодамна се врати на тренинзите по две седмици пауза поради Covid-19.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.