Ибрахимовиќ позитивен на Ковид-19

Поранешнот англиски фудбалер Гери Линекер често пати знае добро да се пошегува на нечија сметка. Сега го направи тоа на сметка на Ибрахимовиќ.

Линекер се пошегува во време на пандемијата со коронавирусот, а тоа го направи откако слушнал дека позитивен на Ковид-19 е Златан Ибрахимовиќ.

„Ибрахимовиќ е позитивен на коронавирус. Со мислите сме со вирусот во овој тежок момент“, гласи коментарот на легендарниот Линекер.

Милан вечерва го игра својот натпревар од 3-коло во Лигата на Европа, Ибрахимовиќ поради позитивниот тест нема да биде со тимот и наредните десет дена ќе ги помине во самоизолација.

Претходно позитивен во Милан беше и Лео Дуарте, но се тврди дека останатите тестови сите биле негативни пред натпреварот со Норвежаните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.