Ибрахимовиќ, сепак, си оди од Милан!

Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ сериозно размислува да си оди од Милан на крајот од оваа сезона и да го облече дресот на Хамарби, чиј акционер е од неодамна.

Неговиот договор истекува по завршувањето на сезоната, а засега нема најави дека би можел да биде продолжен иако пред крајот на минатата недела имаше информации дека преговара за тоа со челниците на Милан. До крајот на првенството во Серија А останува уште точно еден месец, а потоа Ибра ќе биде слободен да се врати во татковината.

Вчера тој првпат заигра по пауза од пет месеци, откако заздраве од повредата на листот, доживеана во јануари.