2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Ибрахимовиќ стана атракција во Милан со реткото златно Ферари

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ (40) го искористи слободниот ден да го повози реткото електрично ферари во златна боја, вредно 480.000 евра.

Напаѓачот на Милан изгледаше ладнокрвно додека крстареше низ Милано под будното око на љубопитните минувачи.

Ибрахимовиќ во октомври минатата година си го купи Ferrari SF90 Stradale како роденденски подарок.

Хибридното луксузно возило има четирилитарски V8 мотор со турбо полнач и има неверојатни 986 коњски сили кога е поврзано со неговиот електричен мотор.

Најбрзото ферари на располагање може да се пофали со максимална брзина од 400 километри на час и може да забрза од 0 до 100 километри на час за само 2,5 секунди.

Ибра е само еден од 499 сопственици на ова луксузно возило ширум светот

Бројни минувачи се вртеа по автомобилот кој Златан на крајот го паркираше на една споредна улица.