Ибрахимовиќ: Роналдо направи глупост!

Поранешниот фудбалер на Јувентус, Златан Ибрахимовиќ ја искоментира неодамнешната изјава на актуелната ѕвезда на „бјанконерите”, Кристијано Роналдо, кој вели дека имал потреба од нов предизвик и затоа преминал во италијанскиот шампион. Според Швеѓанецот трансферот на Португалецот во „Старата Дама” сам по себе не може да биде сфатен како предизвик и истакна дека Роналдо требал да потпише договор со тим од пониско ниво.

Роналдо го напушти Реал Мадрид во текот на летото на 2018 година и потпиша со Јувентус, чие раководство за него плати 117 милиони евра. Покрај Шпанија и Италија, петкратниот добитник на Златната топка играше и во првенството на Англија и Португалија.

Роналдо зборува за нови предизвици, вели предизвик е да премине во клуб за кој е нормално да ја освојува Серија А. Зошто не избра тим од Сегундо дивизион пред неколку години? Зошто не се обиде да игра во вториот тим на шампионот и да помогне да го подигне? Тоа би бил предизвик. Одењето во Јуве не е предизвик. Ова се глупости, рече Ибра во интервју за Voetbal Nieuws.