Ибрахимовиќ: Сега и Бог и Кралот се во Лос Анџелес

Фудбалерот на „Лос Анџелес Галакси“, Златан Ибрахимовиќ на свој начин го искоментира доаѓањето на Леброн Џејмс во „Лејкерси“ со кои потпиша четиригодишен договор вреден 154 милиони долари.

Швеѓанецот беше меѓу првите што го поздравија овој договор.

Сега и Бог и кралот се во Лос Анџелес! Добредојде Леброн, напиша Ибрахимовиќ на својот профил на Твитер.