Ибраими гостува во Џенова, а Пандев во Удине

116

Денеска ќе бидат одиграни сите натпревари од 34. коло во италијанската Серија А, а убедливо најголемо внимание и најголема борба се очекува на „Артемио Франки”, на дуелот помеѓу четвртопласираната Фиорентина и второпласираната Рома.
Гостинот од Рим е на добар пат по пауза од неколку години да освои место кое води во групната фаза од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Тешко гостување во Удине ќе има тимот на Наполи, а според последните информации кои пристигнуваат од Италија, повторно шанса да настапи од првата минута ќе добие поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев.

Обврска да забележат позитивен резултат на незгодното гостување во Џенова имаат фудбалерите на Калјари, а репрезентативецот на Македонија, Агим Ибраими сигурно ќе биде дел од почетниот состав на Калјари.
Седумкратниот европски клупски шампион, Милан, важи за апсолутен фаворит во дуелот против новајлијата во елитното друштво, тимот на Ливорно, а актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус ќе се обиде да ја оправда фаворитската улога во дуелот против екипата на Болоња.

Денеска на програмата: Милан – Ливорно – Аталанта – Верона, Удинезе – Наполи, Јјувентус – Болоња, Фиорентина – Рома, Катанија – Сампдорија, Киево – Сасуоло, Лацио – Торино, Парма – Интер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.