Ибраими и Пандев само си разменија погледи

Без победник, 1:1, заврши саботниот дуел од 17. коло во италијанската Серија А, помеѓу екипите на Калјари и Наполи, а истиот доби уште повеќе на значење поради директната пресметка помеѓу поранешниот и актуелниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев и Агим Ибраими.

Далеку поголема минутажа доби Пандев кој беше дел од првиот тим на Наполи, но беше заменет во 80 минута, а последните 8 минути од натпреварот ги одигра Агим Ибраими.

Минимална, но злато вредна победа од 2:1 на гостувањето во Ливорно, забележаа фудбалерите на Удинезе.

Денеска, фудбалскиот свет ќе биде сведок на уште една возбудлива пресметка помеѓу градските ривали, Интер и Милан.

Денеска на програмата: Болоња – Џенова, Аталанта – Јувентус, Верона – Лацио, Рома – Катанија, Сампдорија – Парма, Сасуоло – Фиорентина, Торино – Киево, Интер – Милан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.