Ибраими ја мерка мрежата на Сасуоло

Фудбалските медиуми во Италија се убедени дека репрезентативецот на Македонија и фудалер на Калјари, Агим Ибраими, денеска ќе добие шанса да биде дел од почетниот состав кој ќе се обиде да забележи позитивен резултат во првенствениот дуел против новајлијата во Серија А, тимот на Сасуоло.

Фудбалерите на Рома ќе останат во игра за толку посакуваното “скудето” само доколку денеска забележат позитивен резултат во дуелот против секогаш незгодниот тим на Аталанта.

„Математички, се уште сме во игра за шампионската титула, но предноста од осум бода, која ја има Јувентус е многу голема и најверојатно недостижна. Не смееме да мислиме на таа негатива, важно е да се сконцентрираме на нашиот натпревар. Јас постојано им повторувам на моите фудбалери дека за нас, приоритет е втората позиција, пласманот во групната фаза од Лигата на шампиони. Нормално дека ќе бидеме поблиску до зацртаната цел ако славиме и во дуелот против Аталанта”, изјави предводникот на римската „волчица”, Руди Гарсија.