ИД е посилна во некои реони, призна Помпео во интервју

Американскиот државен секретар Мајк Помпео призна денеска дека ИД регрутира сили во некои реони, но додаде дека капацитетот на таа терористичка организација да изврши напад е намалена до голем степен.

– Комплексно е. На некои места ИД е помоќна денес отколку пред три или четири години, изјави Помпео за Си-Би-Ес.

Тој тврди дека самопрогласениот калифат исчезнал и можностите за извршување напади се многу тешки.

Коменатрот беше даден по повод напис во „Њујотк тајмс“ дека исламистичката група добива нови сили во Ирак и во Сирија. Во декември лани американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е победена ИД во Сирија и дека за нивните армиски сили таму веќе нема потреба.