ИД ја презема одговорноста за нападот во Кабул, бројот на жртвите се зголеми на 20

Џихадистичката групација Исламска држава (ИД) ја презема одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад извршен во четвртокот во авганистанската престолнина Кабул, во кој според последните податоци смртно настрадале 20 лица, а уште 30 други се ранети.

Најмалку 20 луѓе се убиени во нападот на бомбаш самоубиец кој нападнал мобилен контролен пункт на полицијата. Во нападот се ранети и 30 лица, изјавил за агенцијата DPA, Насрат Рахими, портпарол на авганистанското министерство за внатрешни работи. Додал дека меѓу жртвите има и цивили и полицајци.

Нападот се одиграл во станбена населба во близина на центарот на Кабул, а бомбашот се разнел кога се приближил до група полицајци кои спроведувале акција на откривање дорги и продажба на алкохол во кабулски кварт во близина на американската амбасада.

Милитантите на Исламската држава ја преземаа одговорноста за нападот преку нивната новинска агенција Amaq, објави американскиот ресурс Site Intelligence Group, специјализирана за следење на активностите на ислимистичките и терористички групации на интернет. Џихадистите притоа навеле дека се убиени 80 полицајци и агенти на разузнавачката служба.

Станува збор за првиот бомбашки напад во Кабул во 2018 година, кој до ланската година беше релативно поштеден од големи напади на исламистите. Повеќе од 20 бомбашки напади само во Кабул усмртија повеќе од 500 луѓе во текот на 2017 година, а ранети се повеќе стотици.

Пред осум дена беше убиено 41 лице а раните уште 84 врз напад на шиитско информативно-културен центар во Кабул, за кој одговорноста, исто така, ја презема Исламската држава којашто започна да се позиционира во Авганистан во втората половина од 2016 година.

Според кварталниот извештај на Обединетите нации во Авганистан објавен во октомври од јануари до 30-ти септември 2017 година убиени се 2.640 цивили, а ранети 5.379.