ИД ја презема одговорноста за нападот во нигериски Мајдугури на изборниот ден

Ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава (ИД) ја презема во саботата одговорноста за нападот во нигерискиот град Мајдугури на денот на одржувањето на претседателските избори, а полицијата го негира нападот, тврдејќи дека во тек е воена вежба, пренесуваат агенциите и додаваат дека во најнаселената земја во Африка веќе започнало пребројувањето на гласачките материјали.

Колаицијата на здруженија од цивилниот сектор The Situation Room, соопшти дека ширум Нигерија во саботата во насилства се убиени 16 луѓе. Воен извори потврдиле дека во североисточниот дел од земјата неколку часа пред почетокот на изборите бил убиен еден војник, а уште 20 други се ранети.

Нигеријците во саботата избираа претседател на државата на изборите кои требаа да бидат одржани пред една седмица, но беа одложени. Изборната комисија за одлужувањето вината ја најде во логистичките фактори и негираше политички притисок во носењето на одлуката. И претседателските избори во земјата која е најголем африкански извозник на нафта со над 72 милиони жители, кои речиси по половина се муслимани и христијани, во 2011 и во 2015 година, исто така, беа одложени поради логистиката и безбедносните закани.

Телевизиските камери пред гласачките кутии го снимија актуелниот претседател, поренешниот генерал на нигериската војска Мухамад Бухари, кој сака да го освои вториот мандат, и неговиот главен опозициски противкандидат Атику Абубакар, деловен човек и поренешен потпретседател. Политичките аналитичари предвидуваат тесна трка меѓу овие два фаворита на изборите на кои се кандидира дури 72 кандидати.

Екстремистичките исламски групации го повикаа населението да ги бојкотира изборите, заканувајќи се со напади на избирачките места. Милитантите од Западноафриканската покраина (WAP), група која се декларира како огранок на Исламската држава, преку новинската агенција Amaq соопшти дека цели на нападот во Мајдугури, главен град на сојузната држава Борно, биле аеродромот, воена база и владини згради.

Извори од бебедносните сили за Reuters го потврдиле нападот од сунитските милитанти, но нигериската војска и натаму негира дека нападот воопшти е извршен.

Извештаи за насилства на денот на изборите пристигнуваат до североисточната држава Јона, каде што екстремистичката група Боко Харам извела два напада. Жителите од селот Гејдам во Јоба изјавиле дека побегнале пред нападот на исламистите кои сакаат во североисточна Нигерија да формираат исламска држава во која ќе владее шеријатското право.
Боко Харам извршил спорадични напади и во соседната држава Борно, откако ги предупреди жителите да не гласаат. „Побегнавме заедно со нашите жени и деца и стотици други. Сега трчаме и се гриеме во грмушките“, рекол во телефонска изјава Ибрахим Гоби, жител на Гејдам.

Безбедносните сили потврдиле дека милитантите извеле напади во државата Јоба, а очевидец за Reuters рекол дека слушнал престрелки и дека надлетувале авиони на нигериските воздухопловни сили.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.