ИД ја презема одговорноста за нападот врз рускиот контролен пункт (видео)

Одговорноста за нападот врз рускиот контролен пункт ја презема џихадистичката организаЦИЈА Исламска држава (ИД).

Две лица загинаа, а 12 се повредени во експлозијата на автомобил – бомба во Дагестан во близина на полицискиот пункт околу градот Дебрент во јужна Русија.

Според првичните информации, комби марка „Лада Приора“ експлодира кога се приближило до кон,тролниот пункт во кој што се наоѓале повеќе полицајци. Исто така, се наведува дека за нападот бил одговорен бомбаш-самоубиец кој се наоѓал во возилото.

Експлозијата на автомобилот била толку силна што оштетила неколку возила што се наоѓале на контролниот пункт. Истиот контролен пункт беше нападнат во текот на минатата ноќ, кога непознати лица пукаа и ранија еден полицаец.