ИД обезглави две жени во Сирија

82
ИД обезглави две жени во Сирија

Џихадистичката терористичка група ИД обезглави две жени во Сирија. Ова е прв пат тероритите да обезглават жени цивили, според Опсерваторијата за човекови права во Сирија, пренесува Ројтерс.

Една од жените била обезглавена заедно со нејзиниот сопруг во градот Деир ал –Зор. ИД исто така обезглавила уште една жена заедно со нејзиниот сопруг во градот ал – Мајадеен. Сите биле обвинети за маѓесништво.

Ова е прв пат да биде забележано како џихадистите од ИД обезглавуваат жени цивили.

Активистите велат дека ИД користи јавни казни во областите каде ја има контролата за да го контролира локалното население преку постојано ширење страв.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.