ИД повикува на напади врз Евреите за саботирање на мировниот план на Трамп

Ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава (ИД) ги повика своите борци и другите муслимани да ги напаѓаат Евреите, во аудио-порака објавена во понеделникот во обидот да се саботира новиот американски план за решавање на израелско-палестинскиот судир.

Пораката ја упатил наводно портпаролот на Исламската држава, Абу Хамза ал-Кураиши, но агенцијата Reuters не можела да ја потврди нејзината автентичност.

Исламската држава нема улога во израелско-палестинскиот судир. Но нејзината порака се чини како нејзин обид да остане релевантна и да биде во согласност со ставовите на муслиманите, оценува Х.А. Хелиер од Карнегиевата фондација за меѓународен мир.

„Ве повикуваме да им се придружите на војниците на калифатот кои сакаат да ги избришат границите и браните кои ги спречуваат да се борат против Евреите“, се истакнува во пораката која му се припишува на Кураиши.

Особено ги повикува борците на Исламската држава од нејзиното синајско крило во Египет, како и оние во Сирија, да изведуваат прекугранични напади на израелски цели.

„Бидете предводницата во борбата против Евреите и уништувањето на нивните палнови, како што е ‘Планот на векот’“, додава портпаролот на џихадистите.

Трамп би требало својот долго најавуван мировен план да им го претстави на одвоени состаноци со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и опозицискиот лидер Бени Гац во понеделникто во Вашингтон.

Палестинците стравуваат дека овој план сосема ќе ги закопа нивните надежи дека би можеле да добијат независна држава. Се заканија дека поради тој план би можеле да се повлечат од мировните договори од Осло. Одбија, исто така, да ги прифатат американскиот развоен план во износ од 50 милијарди долари, кои САД го предложија во јули минатата 2019 година, со кој треб да ѝ се помогне на палестинската економија.

Исламската држава, од друга страна, се обидува да се прегрупира и да развие нова стратегија, откако во октомври беше убиен во Сирија нејзиниот водач Абу Бакар ал-Багдади. Претходно џихадистичката групација претрпи порази на теренот и го загуби големите територии кои од 2015 до 2017 година ги контролираше во Ирак и во Сирија.