ID Team Hair Bar – место за совршена невестинска шминка и фризура

Крајната цел на секоја фризура не е толку таа да биде модерна, туку да ја покаже невестата во најдобро светло, да го извлече најдоброто од неа, а не да ја направи непрепознатлива.

194

Има ли посреќен ден од тој кога стапуваме во брак со избраникот нашето срце? Сигурни сме дека одговорот ќе биде „не“, со оглед на тоа дека оовој настан е навистина значаен од повеќе аспекти. Но, ние решивме да се задржиме на убавината и раскошот кој треба да го поседувате на овој значаен ден.

Уште како мали девојчињата сонуваат како ќе изгледаат во бело со раскошен фустан, но и тоа каква ќе биде фризурата и шминката. Да биде нежна, суптилна, фина и мека или пак појака и со карактер. Но, тоа е веќе многу индивидуално…токму затоа сакаме да обрнеме внимание на секоја идна невеста и на секоја една жена која сака да брилира во тие најважни часови и минути.

Тимот во Салонот за убавина „ID Team Hair Bar“ е тука за вас за полесно да се одлучите што е тоа што вас ќе ви одговара како стил, пред сѐ на вашата става и фигура, на вашата физиономија, но и на вашиот невестински фустан и целата атмосфера каде што ќе биде вашата веселба.

Тим од професионалци ќе ги направат вашата коса и фризура како од соништата, а секако неизоставен дел е и шминката која во целост ќе биде во склоп на фризурата, фустанот и карактерот.

Како и да е, изборот на фризура за венчавката е многу субјективна одлука. Без оглед на трендовите, кога ќе погледнете во огледалото, важно е дали ви се допаѓа она што го гледате или не. Треба да изберете фризура пред да донесете одлука за изборот на вел или друг накит во косата (круна, цвеќиња, шноли …). Фризурата, како и сѐ друго што оди со фризурата, треба да одговара на обликот на лицето на невестата, но и на тежината на невестата.

Крајната цел на секоја фризура не е толку таа да биде модерна, туку да ја покаже невестата во најдобро светло, да го извлече најдоброто од неа, а не да ја направи непрепознатлива.

Обратете се кај нас за било какви совети и идеи…тука сме за вас бидејќи најважна ни е вашата насмевка и задоволство.

Искрено ваши,

ИД ТИМ

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.