Освен тоа што долгата и раскошна коса е еднен од клучните модни трендови оваа сезона, таа е и сон на многу жени. Но, потребно е долго време да се постигне раст на косата до голема должина.
Покрај времето, за негата и одржување се потребни бројни други напори, додека волуменот е нешто што за одредени типови на коса не е ни остварливо. Но, надградбата на косата ни помага да ја постигнеме саканата должина и текстура без многу потешкотии.
Надградба на косата претставуваат природни или синтетички прамени на косата кои се врзуваат за природната коса, додавајќи и должина, дебелина, волумен, па дури ја нагласуваат и бојата.
Некои од надградбите на коса се долготрајни, некои не се, некои екстензии дури траат и по една година. Кога добро ќе се ускладат со бојата и со текстурата, природната коса и надградбата стануваат како едно, и тешко е да се препознае дека станува збор за надградба. Всушност, така изработената надградба ја има постигнато и својата крајна цел.
Значи, клучно за убава и долга коса, може секако да биде изборот на видот на надградбата, што пак потребно е да ја изведе добар и вешт фризер.
Такви професионалци, кои прават жените да се чувствуваат навистина посебно, се во салонот за разубаввање во Скопје „ID Team Hair Bar“.
Во однос на дилемите околу ексензиите на коса и тоа дали тоа има негативни последици, сопственичката на „ID Team Hair Bar“, Ивона Тренкоска, појанува дека доколку се стави коса не повеќе од потребното нема простор за вознемирување. Напротив, дури и на некој начин се заштитува косата.