Идејата за трибунал за Украина не наиде на единствена поддршка во ЕУ, вели Борел

Идејата на Европската комисија за воспоставување на специјализиран меѓународен суд за руските воени злосторства во Украина по примерот на трибуналот за поранешна Југославија од 1990-те години не наиде на едногласна поддршка од министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија на неодамнешниот состанок во Брисел, призна во средата високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.

„Постои полемика за тоа дали ние е потребно нешто друго покрај Меѓународниот кривичен суд за да се бориме против неказнивоста во Украина. Јас, заедно со Европската комисија, доставив предлог до министрите (за надворешни работи во ЕУ, на состанокот во вторникот, 12-ти декември) и дискутиравме за тоа, вистина без конкретен резултат“, изјави Борел во обраќањето на форумот за човекови права во Брисел.

Шефот на дипломатијата на ЕУ, притоа додаде дека е можно создавање алтернативна структура, но процесот на дискусии за оваа иницијатива го нарече „интересни разговори, кои немаа конкретен одговор“.

Притоа Борел додаде дека ЕУ треба да вложи повеќе напори за „борбата против неказнивоста“, но не информираше за своите натамошни планови во врска со оваа тема.

Европската комисија кон крајот на ноември излезе со иницијатива за воспоставување специјален меѓународен трибунал за Украина под покровителство на Обединетите нации. Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен изјави дека Комисијата е „подготвена да работи со меѓународните партнери“ за да ја промовира иницијативата насочена главно по обвинувањата за наводните русуски воени злосторства во војната во Украина кои наводно ги документирале иследници од земјите членки на ЕУ.

Подоцна обвинителот на Меѓународниот кривичен суд во холандски Хаг, Карим Кан, истакна дека планот на ЕУ да создаде специјален трибунал за Украина, „ги поткопува сличните истраги што ги спроведува Трибуналот“.

Обвинителството на Хашкиот трубунал на 2-ри март објави дека покренало истрага за воени злосторство и злосторства против човечноста во Украина. Обвинителот Карм Кан подоцна на 11-ти март извести дека истражаниот одел на судот започнал со собирање докази во рамките на истрагата.

Документот „за борба против неказнивоста на злосторствата извршени“ во Украина, договорен на 9-ти декември во Советот на ЕУ, сепак, не се споменува предлогот на ЕК за воспоставување на таков суд.

Постојаниот руски претставник во седиштето на ОН во Женева, Генадиј Гатилов, коментирајќи ги предлозите на ЕК посочи дека за создавање специјален механизам под покровителство на светската организација е потребна согласност од Советот за безбедност при ОН, каде Русија и нејзиниот сојузник Кина имаат право на вето, а без тоа предложениот „Трибунал за Украина“ на ЕУ е невозможен.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи на новинарите по ова прашање истакна дека Русија „категорично ги отфрла“ обвинувањата од страна на Киев за воени злосторства сторени во војната во Украина. Истовремено руската дипломатија оцени дека идејата на ЕК за создавање меѓународен суд за Украина го нарече заговорнички обид и порача дека тој нема да има надлежности над Русија.