Идеално време за секс е во сабота 19.37 часот

Најновото британско истражување покажало дека најголемиот број на двојки водат љубов во сабота околу 19.30 навечер, поточно во 19.37.

Според резултатите на анкетата кој ја спроведе сајтот Lovehoney.com, 44 отсто од испитаниците го избрале ова време за практикување на секс.На второ место како идеален ден за љубовна гимнастика е недела, а на трето место петок.

Викендот очигледно е најповолен за секс и тоа не е случајно. Преоптоварено со секојдневни обврски и работа, луѓето планираат секс кога најмногу им одговара.

Растојанието меѓу моментот на најголемо возбудување и акцијата исто така е индикативно, така на пример во сабота двојките започнуваат да се „рчкаат“ околу 16.33, но сексот се случува три часа подоцна.

Истражувањето открива дека само мал број на луѓе реагираат спонтано на секс. Најголемиот дел од нив го планираат.

„Планирањето на сексуалните односи може да дејствува како најнеромантична работа на светот, но редовната физичка интимност претставува клуч на среќна врска.Ако планирањето е единствен начин да се дојде до секс, зошто да не?,“ објаснува основачот на сајтот.

Со анкетата исто така е утврдено дека сексот најмногу се практикува во текот на летните денови, потоа зима, на трето место е пролет, а на последно есен.