Идентификуван четирикратниот убиец во Канада

Напаѓачот кој во петокот уби четири лица, од кои двајца полицајци, во градот Фредериктон на истокот од Канада, обвинет е за четири убиства, соопшти во петокот тамошната полиција а јавноста очекува ново разгорување на дебатата за поседување огнено оружје.

Напаѓачот во саботата полицијата го идентификуваше како 48-годишниот Метју Винсент Рејмонд. Меѓутоа, полицијата не ги открива уште мотивите за нападот на овој жител на Фредериктон.

Рејмонд, кој бил ранет и превезен во болница, обвинет е за четири убиства со умисла. Во притовор ќе остане додека чека да биде изведен пред судот на 27-ми август, се додава во соопштението на полицијата на Фредериктон. Станува збор за главниот град за источната покраина Њу Брансвик кој има 60.000 жители.

Во Монктон, град кој исто така се наоѓа во Њу Брансвик, во 2014 година по масовното пукање беа убиени тројца а ранети двајца канадски полицајци. Тогаш тоа беше еден од најтешките вакви инциденти во Канада, каде што законите за оружјето се построги отоколку во САД, а смртоносните напади со огнено оружје врз полицијата се ретки. Меѓутоа, зголемувањето на количеството оружје резултираше со пораст на вооружените злосторства минатата 2017 година.

Во јули во Торонто беа убени млада жена и девојченце, а ранети 13 лица, по што сторителот ѝ се предаде на полицијата. Оваа година во метрополата Торонто се случил 241 вооружен инцидент, во кој имало 30 убиени.

Ваквите масакри би можеле да разгорат нова јавна дебата за поседувањето на огнено оружје. Во четвртокот покраината Онтарио вети повеќе пари за полицијата, како и задржување на осомничените за вооружени злосторства во притвор, додека тамошните власти се справуваат со порастот на пукања, вклучително и од имровизирани оружја.