Идентификуван убиецот на полицајците во Сараево

Сараевските полициски иследници го идентификувале главниот осомничен за убиството на двајцата нивни колеги во петокот, а станува збор за 32-годишниот Његослав Милинковиќ од Источно Сараево кој претходно бил приведуван поради учества во кражби на автомобили, пишуваат во саботата вечерта локалните медиуми повикувајќи се на полициски извори.

По Његослав Милинковиќ, кој е во бекство, распишана е полициска потерница.

Полицајците, 43-годишниот Адис Шеховиќ и 46-годишниот Давор Вујиновиќ беа убиени во петокот утрото во сараевската населба Алипашино поле, кога во текот на рутинска контрола наишле на лица кои се обидувале да украдат автомобил „голф“. Еден или повеќе напаѓачи од автоматска пушка веднаш запукале, при што Шеховиќ бил убиен на самото место, а Вујиновиќ им подлегнал на тешките рани во болница.

Милинковиќ, кој е осомничен дека е извршител на овој напад, во полициските евиденции е воден од 2016 година, кога заедно со двајца соучесници бил фатен во кражба на автомобил во сараевската населба Илиџа. И тогаш дошло до престрелка во која крадците пукале врз полицајците кои возвратиле на огнот и раниле еден од нив по име Саво Петричевиќ кој подоцна починал во болница.

Милинковиќ и неговиот втор соучесник Бојан Кошарац се уапсени, а во текот на истрагата во гаражата во Источно Сараево во сопственост на Милинковиќ е најден автомобил БМВ кој претходно бил украден во Сараево. Овој случа никогашт не добил судски епилог, иако е подигнато обвиените пред Судот на БиХ.

Милинковиќ бил повторно уапсен во јуни годинава во акција на полицијата на Република Српска против припадници на криминални групи кои организирано крадат автомобили.