Идентификуван убиецот од Торонто, мотивот непознат

130

Напаѓачот кој уби двајца во Торонто за време на викендот и рани тринаесет луѓе e Фаисал Хусеин, објави канадската полиција, но сé уште не го знаат мотивот за нападот. Во нападот загинаа десетгодишно девојче и 18 годишна девојка.

Одделот за специјални истраги на Онтарио објави дека разговарал со член на семејството на 29-годишниот напаѓач пред да го објават неговиот идентитет.

Набргу по нападот, напаѓачот беше пронајден мртов, а обдукцијата ќе покаже дали тој загинал од размената на огнот со полицијата или извршил самоубиство.

Семејството на Хусеин кажало дека Фаисал имал сериозни проблеми со менталното здравје, објави канадската телевизија.Тие во соопштението изразија најдлабока почит на семејствата на жртвите, а за синот додале дека цел живот пател од сериозни ментални проблеми, се борел со депресија и психоза која не можел да ја излекува.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.