Идентификувани 23 тела од малезискиот авион

Судските патолози идентификувале 23 тела на жртвите од авионската несреќа на малезискиот авион кој на 17 јули е соборен на истокот од Украина, соопштуваат холандските власти.

Меѓу идентификуваните жртви се наоѓаат 16 Холанѓани, двајца Малезијци и по еден Германец, Канаѓанец и Британец.

Холандските власти додадоа и дека ги известиле семејствата на идентификуваните лица.

Малезискиот патнички авион во кој имаше 298 патници е соборен на 17 јули. Поголем број од патниците биле Холанѓани.

Остатоците на уште околу 230 тела, од Ураина се пратени во Холандија, каде продолжува процесот на идентификација на жртвите.