Идентификувани сите 50 жртви во Крајстчрч

Сите педесет жртви од масовното пукање во двете џамии во новозеландскиот град Крајстчрч се идентификувани, објави во четвртокот полицијата.

Началникот на новозелендската полиција Мајк Буш изјави за медиумите дека сега сите семејства може да ги преземат телата на своите најмили. Повеќе од 120 луѓе, вклучително и полициски, воени патолози и дентитсти форензичари биле вклучлени во процесот на идентификација.

Телата на првите идентификувани жртви на семејствата им беа предадени во вторникот, а првиот погреб беше извршен во средата. Потоа секојдневно се погребуват во Крајстчрч. Семејствата на жртвите изразија незадоволство поради долгото чекање на телата на нивните блиски, видејќи исламот наложува погреб во рамки на 24 часа по смртта.

Џамијата Ал Нур во Крајстчрч оштетена од кушрумите веќе се обновува, се бојадисува и се чисти во пресрет на петочната молитва. Од повредените, 29 сѐ уште се во болница, од кои осум се на интензивна грижа. Многумина морале да бидат подвргнати на поголем број операции поради компликациите околу прострелните рани.

Премиерката Џасинда Ардерн најави дека петочната молитва на муслиманите ќе биде во живо пренесувана ширум земјата, како и дека ќе се одржи двоминутно молчење во спомен на жртвите. Според пописот на населнието од 2013 година, на Нов Зеланд има само еден отсто муслимани.

Вооружени полицајци ги чуваат џамиите низ целиот Нов Зеланд. „Нашата присутност во петокот ќе биде засилено за сите да се чувствуваат безбедно во текот на молитвата“, објави полицијата во четвртокот.

Двете џамии во Крајстчрч, градо со под 400 илјади жители, Ал Нур и Лонвуд, ќе бидат отворени во петокот. Најмногу верници се очекуваат во Ал Нур каде имаше и најмногу жртви. Повеќето од жртвите биле имигранти од Пакистан, Индија, Малезија, Турција, Сомалија, Авганистан и Банлгадеш.

Дваесет и осумгодишниот Австралиец Брентон Тарант осомничен за убиствата, е самопрогласен поборник на белечката супремација, кој ќивеел во Данедин, на новозеландскиот Нов остров.