Идентификувани сите жртви во хеликоптерот на Вичај

Полицијата ги идентификуваше сите загинати во хеликоптерската несреќа во која настрада сопственикот на  фудбалскиот клуб „Лестер Сити“, Вичај Шриваданапраба во саботата во близина на стадионот по натпреварот со „Вест Хем“.

Освен милијардерот од Тајланд, загинаа двајца членови на неговиот тим, пилотот и неговата партнерка.
Меѓу загинатите се неговите сонародници, Нурсара Сукнама, поранешна манекенка и Мис Универзум во 2005 година, како и Кавепорн Пуноаре. Пилотот Ерик Свафер (53) имал над 20 годишно искуство во управување на приватни авиони и хеликоптери, а пилотирал и со хеликоптери на медиуми како „Канал 4“.

Според очевидци, Свафер спасил животи на стотици луѓе бидејќи успеал да го насочи хеликоптерот нон аголот на паркингот каде немало возила ниту луѓе.

Со него во летлото била и неговата партнерка Изабела Пинк Лечовик (46), исто така пилот, која летала секогаш заедно со него.

Вичај (60) бил оженет и имал четири деца. Клубот „Лестер Сити“ го купил во 2010 година за 39 милиони фунти.

Полицијата се уште ги истражува причините за несреќата.