Идентификувано лицето чие тело беше пронајдено во водите на Охридското Езеро

Шесет и шест годишниот Љ.А. е лицето чие тело беше пронајдено вчера изутрина во водите од Охридското Езеро на ул.„Кеј Македонија“ кај малото пристаниште.

Како што соопшти МВР, на 28 август во 7.30 часот Б.П.(34) од Скопје во СВР-Охрид пријавил дека забележал тело.

-Констатирано е дека се работи за Љ.А.(66) од Охрид. Смрт без видливи повреди на телото е констатирана од доктор од итна медицинска помош, наведуваат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.