Идентитет – тапан кој пукна, ама уште тропаме

…навредлива колумна која не треба да се чита ако сте искомплексирани, исфрустрирани, не слушате музика, не читате книги… не дека и јас ама нели, ароганција ерго сум.

Додека тонете во класиката на коментарите што во медиуми, што меѓу вас, поврзани со фубалот, очигледно ми станува дека е добро што ги прекинав преносите. Чуј, добро, најдобро! Да забавуваш народ, да ги усмериш да гледаат фудбал, да се радуваат и при тоа да им пуштиш музика која ментално отвора чакри на свест, прогресивност, пан-култура, дигање на општо ниво… ма јас и Готра сме биле тешки будали.

Иако ми се оствари сонот, да ја гледам Македонија на едно големо првенство, воопшто не ми недостига да коментирам… па, за кого? За промашени патриоти и енџио-недефинирани сексуално ориентирани партиски фалусо-смокери, кои едвај чекаат да видат и слушнат слободен човек како јаде г…а за да врз забранување на неговата слобода на говор градат кариера? Зборам и за сороспии и овие од контра банда… желудник им се превртува на помислата за мене, дали е лево или десно – истата омраза како заеднички именител спрема мене си ја имаат, едиствено автентично мислење кои го изнедриле. Нека ви е, ја и натаму ја читам КИТА БОЛИ МОРЕ – од Ефраим Кишон, не ми е лесно, но екстатично ми е како се цапате у соптвениот фецес глумејќи и кон мене и кон наредбодавците.

(благодарам што некои од „горе“, малку подобро согледуваат и ме поддржуваат, бидејќи ниеден човек не е сотров сам за себе, а они докажаа дека гледаат малку подалеку што во земја на слепци е супермоќ)

Ха, а како само градеа кариера, како оној бивши уредник, на еден рекет-весник на смокивизија, кога среде полуфинале се јави во пивара да им урла (буквално УРЛА) како тоа дале реклама на радиото (каде јас ги правеве преносите) поддржувале расизам – (ќумбе)… ете како се градеа кариери и грабаа фондови. Најди човек, слободен со свој ум, фати му виц кој кажал и гради си кариера врз тоа, како и покојниот Црничанец кој се обидуваше светот да го убеди дека јас сум носителот на фашизмот кој владее тука и издаде шарена книга на фашизмот – финансирана од Суруш. Но, Бог да му душа прости.

Нејсе… оваа јадиковско-самопеплсоување ми е да попунам принт-скринот дур да дојдам до поентата…

Не научивете што е патриотизам!?!?!

Скинатиот тапан малку ве освести ама и тука утињате… викате ете така треба, тоа Е СО СРЦЕ, ДО КРАЈ… Човекот со скинат тапан е само очаен, нема избор, не би знаел да каже ни самиот зошто, но во него се буди идентитетот – кој сум и што сум!?!? Оти почувствува каков-таков успех, конечно.

„Македонче“ и идентитеско прашање, секогаш генерално е поврзано со ракија и пиво, а овие модерниве контра, па од инат ќе се упикааат у најсмрдлив соседски национализам и би смениле и предале и држава и народ и родена мајка, само поради омраза кон сонародникот. И се додека е така, нема да мрда! Не драги суртуци на власт, џабе лижете неизбришани ануси на геј рекетари со Луј Витон ташни и дебели незживеани провинцијалки кои излегоа од дното на правниот систем – слика и прилика какви сте вие самите. Едните и другите се идентификувате само и само со успехот на вашата партија и вашето енџио – кога ќе добие грант. Затоа толку сеопшта национална само-омраза. Затоа нема реален успех.

ЛУЃЕТО СЕ ИДЕНТИФИКУВААТ СО УСПЕХ – НА МАКЕДОНИЈА И ФАЛИ УСПЕХ ВО БИЛО КОЕ ПОЛЕ!

Сетете се на „Пред Дождот“, музиката на Анастасиа, на какво само ниво го подигна сеопштото чувство да си дел од оваа држава. Не со лупање во тапан до кинење, туку суптилно со ум, срце и хармонија, со уметност и успех од светски рамки! Анастасиа и филмот беа еднакво успешни – секој во свое поле. Не со навивачки страсти, како подоцна со Коментал – што и е убава работа, но нам ни фалат, трајни вредности и исчекор во нив, нобеловци во наука, литература, светски уметници, кои ќе направат пробој и остават трага. Економски исчекор (но, во следната епизода на Жолтко и Лутко) Јас тешко можам да се идентификувам со некој револуционер, мене национална гордост не може да ми возвиши некој војсководец од пред 2.000 години, но може жив  современик кој ќе направи исчекор, со конкретно дело, како музиката на Горан Трајкоски за „Пред Дождот“, чиј тапан сеуште чука, не се кине, ама го заборавате, оти сакате како ракија, одма да ве зашемети – ви треба инстант успех, барате злато, медаљи, барате тенисер како Ѓоковиќ… а, кога доаѓа време за национална стратегија фрлате се у ку*ац само да победи вашата партија и локате ракија или шмркате, како кој – како ној?

ВМРО ако победи, а треба и заслужува, на следниве избори, треба да се занимава со ова, да се најдат заедничките именители кои неприкосновено ќе бидат поддржани. Фудбалот е скап исчекор со многу несигурна иднина, но има каде можеме да се покажеме: музика, уметност, поединечни спортови, иновации, тоа ни фали, тоа треба да донесе новата власт, а не да се занимава кој да биде пикнат во затвор. Баталете дебили со онаа, дно на дното флоскула – ако не си апсел – ќе те апсат. Чиста парафраза на изјава на геј – ако не си е*ел – ќе те е*ат!?!

Тапанот е одамна скинат, упорноста не е решение да лупаш у скинат тапан кој не се слуша, туку интелигентно, просветлено насочување кон кретивните сфери каде може да се направи најголемиот исчекор.

Јас сум убеден дека музиката и уметноста можат да го „истресат“ светот, а од таа инерција да повлечеме и кон спорт и се’ друго. Но, еве ви још боља идеја: За што ве бива? За правење ракија и пиво и неизмерно конзумирање? Па како бе, дибеци едни, не направивте најдобрата ракија на свет, како не се заложите да направите продукт кој светот ќе го освои, како „Џони Вокер“ – шкотска ракија, како Русите со вотка, а нашава е светлосни подобро од таа компировача! Мрзи, мрзи, мрзи полни со завист и омраза, џабе ви е, ни во алкохол не се рабирате. Трбаше „Скопско“ да стане марка број еден во светот досега, ама… Лузери сме затоа и нема исчекор. Прво кинете прангите, не на рацете, ги немате, туку во главата и прекинете да удирате во скинат тапан, освен тридневен виц, никому ништо не носи. Пранги во глава се кинат со читање книги, слушење музика, гледање филмови и не тие кои ги конзумирате со г’с и јетра, туку со ум и срце.

Ма, тенкју енд факју – подвукао је на крају свог излагања.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес