Утврден идентитетот на женскиот труп извлечен од Вардар

Според информацијата од СВР Велес женскиот труп кој денеска околу 10.30 часот беше забележан од учесниците во Вардарската регата „Гемиџии“ во водите на Вардар во близина на велешкото село Караслари, попладнево е извлечен и идентификуван, пренесе МИА.

Станува збор за лицето Александра Т. родена 1941 година од Велес, а која од нејзиното семејство беше пријавена во СВР Велес како исчезната.

По наредба на јавен обвинител телото на жената е предадено на семејството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.