Идентитет

261

Терминот идинтитет потекнува од латинскиот збор ИДЕМ кој значи истоветност, непроменливост и континуитет. Идентитетот може да биде личен и групен. Групниот идентитет ни кажува кој сме ние, на кој народ му припаѓаме и од каде потекнуваме (која е нашата историја).

Нашите претци кога ја создале државата и дале име Македонија. Преку името на државата ние Македонците се разликуваме од другите народи и држави. Преку името се изразува чуството на припадност. Од неодамна името на државата е променето од Македонија во Северна Македонија. Со тоа е избришан битен елемент на идентитетот – континуитет, непроменливост. Името на државата, името на народот и името на јазикот се поврзани – држава: Македонија, народ: Македонски, јазик: Македонски. На прашањето од каде потекнуваме, кон што се стремеле нашите предци и што постигнале одговор дава историјата. Идејата за потеклото неможе да се одвои од верувањето за потеклото.

Во 52 година пред н.е. Галите се кренале на востание против Римската окупација. Востаниците биле предводени од Верцингеторикс. Галите биле поразени, а Верцингеторикс во утврдувањето Алезија бил заробен врзан во синџири, бил одведен во Рим и погубен. Победникот во војната генералот Цезар убил 250.000 Гали, а 1,000.000 ги продал како робови. Денеска на местото каде се претпоставува дека се наоѓала Алезија, Французите му кренале споменик и ако денешните Французи не се Гали. Ги поврзува заедничката територија.

Современите Грци на Македонците им забрануваат да ги споменуваме македонските кралеви од 4-тиот век п.н.е. Филип и Александар Македонски. Каква добрина им направиле за само тие да можат да ги споменуваат? Старите Грци или Хелени биле организирани во мноштво градови држави – Полиси, додека Македонија била моќна централизирана држава. Во годината 359-та п.н.е на македонскиот престол доаѓа Филип Втори. Народот кој што го владеел го сочинувале силни селани и образовани војници, а самиот тој бил извонреден војсководител и способен државник. Кога дошол Филип Втори на власт хеленските полиси се наоѓале во социјална и политичка анархија. Атина, Спарта, Теба и Арго се исцрпувале во меѓусебни војни за доминација над Хеленските полиси. Илјадници млади Хелени ги напуштале своите огништа и служеле како наемничка војска. Како наемници на Персискиот цар изгинале повеќе луѓе отколку во меѓусебните војни на нивните мали татковини.

Воздигнувајќи ги Хелените, Аристотел ќе запише:

„Народите на студениот европски север се навистина храбри, но се сиромашни со дух и немаат уметнички склоности и затоа тие се навистина слободни, но не се кадарни за создавање држави кои ќе владеат со своите соседи. Азиските народи не оскудеваат со дух и надарени се уметнички, но немат храброст и затоа постојано се наоѓаат во ропска положба. Но, затоа Хеленското племе кое што држи средина не само по географска положба помеѓу Европа и Азија, туку и средина во способностите е храбро и разумно. Затоа постојано е слободно, има најдобри уставни одредби, а кога би се обединиле во една држава би можеле да владеат со сите народи“.

Хеленското племе разбиено во полиси никогаш нема да се обедини во една држава. Четвртиот век п.н.е. се одликува со развиена политичка книжевност. Во хорот на политичките гласови истакнато место завзема Исократ, како носител на панхеленистичката идеја. Според него, хеленството е ознака на образованост, а не само на етничка припадност. Ваквото определување на хеленството ќе му послужи на Александар Македонски да ја развие идејата на универзалната просветна заедница. Целта на панхеленизмот била грчките држави да се обединат под едно водство. Прво верувал дека таквото водство може да го оствори Атина. Но, кога изгубил секаква надеж дека некоја од хеленските држави може да ги обедини Хелените, му се обратил на македонскиот крал Филип Втори. Му дал практичен предлог на Филип, прво да ги смири една со друга четирите водечки полиси – Атина, Спарта, Теба и Арго и да отпочне војна со Персија. Во војната би учествувале античките Македонци, обиденети антички Грци под водство на Филип Втори, а целта би била античките Грци од Мала Азија да бидат ослободени; Мала Азија да се насели со бездомни антички Грци, со цел да се ослободи Античка Грција од своите економски и социјални проблеми. За возврат Филип Втори би стекнал моќ, слава и почитување од Грците. Неверојатно, Филип Втори Македонски би го извлекол својот меч за да ѓи усреќи Грците.

Војна против Персија планирал и Филип, кој дошол на власт во 359 година. Тој согледал дека Македонија не може да биде безбедна се’ додека не презеде пресудна војна против Персија. Затоа одлучил под своја власт да ги потчини хеленските градови, кои се наоѓале на македонскиот брег. Потоа како Полифем, еден по еден ги проголтувал хеленските градови-полиси, за најпосле под своја власт да потчини стотина хеленски градови држави. На крајот со победата кај Херонеја, 338 година п.н.е. Филип ја решил судбината на Хелада. Ги поразил војските на Атина и Теба.

Учениот Милош Ѓуриќ во својата знаменита книга – „Историја хеленске етике“ ќе наведе:

„Како Српско Косово полно со румени божури и херонеја полна со лилјани, ружи, нарциси и перуники со Тебанско – Атинскиот пораз стана една од најтрагичните раскрсници не само на Балканската, туку и на општата историја“.

Кога во 336 година п.н.е Филип Втори е убиен, а Александар ја презел кралската власт, Хелените сакале да ја искористат новонастанатата состојба и се подготвувале да им пружат отпор на Македонците. Тебанците први се побуниле, бидејки не можеле да поднесат во нивните тврдини да биде сместен македонски гарнизон. Имало умни Тебанци кои опоменувале дека со смртта на Филип, силата која кај Херонеја се поставила во воен ред, само за еден човек била помала, .откако ја разурнал Теба и им ставил крај на хеленските востанија. Потоа тргнал во Азија и со неколку последуватели победи, почнал да ја урива големата, но трошна зграда на персиското царство.

Зошто да го спомнуваме македонскиот крал од 4 век п.н.е. Филип Втори? Во 148 година п.н.е. Македонија е покорена од Римјаните и е прогласена за римска провинција – имот на римскиот народ. После две години истата судбина ја снашла и Грција. Дошле Римјаните и после векови заминале, дошле Словените и останале, дошле Турците и по неколку векови и тие заминале, но територијата на кралството Македонија останала. На дел од таа територија македонските партизани со одлуките на АСНОМ ја создале државата Македонија.

Зошто да го спомнуваме Александар Македонски?, Филип Втори ја направил Македонија најмоќна држава во Европа во 4 век п.н.е., а Александар ја задржал територија на државата.

Неговото светско историско значение се состои во тоа што достигнувањата на хеленскиот дух, настојувал да го прошири низ сите краеви на светот, сакал да ги поврзе Истокот и Западот, да ги мири победниците со победените, Македонците и Хелените да да ги стопи со Персијанците. Својата најдлабока мисла ја искажал во беседата во опид каде ги моли боговите за слога и државна заедница на Македонците и Персијанците.

Поради својата космополитска идеја тој може да има споменици не само во Скопје и Солун, туку и во други држави. Оние кај нас и овде кои се натпреваруваат, кој ќе понуди посоодветна алатка за рушење на споменикот на Александар ја покажуват својата варварска необразованост.

Додека автопатот не може да го носи името на Александар Македонски, Правниот факултет при УКИМ може да се вика Јустинијан Први. Кој бил Јустинијан Први и со што заслужил една македонска образовна институција да го носи неговото име? Тој е Римски цар од 6 век. Престолот го наследил од неговиот вујко Јустин Први, кој е роден во малото село Тауресиум во областа на Ниш. Негова заслуга е што тим од правници изработиле збирка од важечки закони. Збирката е позната како Јустинијанов Кодекс. Кодексот го регулира целокупниот јавен и приватен живот на царството. За нас е значаен по тоа што додека бил зафатен со нереалниот план да го врати пропаднатото Западно Римско царство, ја ослабнал одбраната на Дунав и овозможил на Словените да навлезат на Балканот. Во 584 и 586 година Словените заедно со Аварите го нападнале Солун. Не успеале да го завземат, но ја опустошиле неговата околина. Јустинијан е познат и по затварањето на академијата во Атина. Ја затворил затоа што на Академијата предавале професори кои не биле христијани. Протераните научници отишле на дворот на паприл ерсискиот крал, однесувајки во Персија плодови на грчката култура.

Автор: Ксенофон Угриновски, професор по социологија за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.