Идиотизам и ренесанса

Ај малку да се подсетиме кои сме и што сме и колку памет имаме, самобендсана параноична моја лична моја багро. Што се’ најавивме и купивме дека е така. Да почнеме од 60-те на 20-от век.

60-те – За 10 години нема повеќе да има нафта – ќе се потроши
70-те – За 10 години не’ очекува ново ледено доба
80-те – Киселите дождови ќе ги уништат посевите наредните 10 години
90-те – Озонската дупка ќе исчезне за 10 години, војната со Ирак е почеток на Трета Светска – готово крај е! Садам е сатаната.

2000 – Милениумската бубачка ќе предизвика пропаст на цивилизацијата
2001 – Се појави антракс – сите ќе умрат од антракс!
2002 – Вирусот на западно-нилската треска ќе не’ убие сите до еден.
2003 – САРС ќе не’ уништи до еден
2004 – Не прскаат со кемтрејлови, не трујат, за неколку години потполна депопулација
2005 – Птичјиот Грип ќе не’ масакрира, никој нема да преживее
2006 – Бактеријата Ешерихија Коли сите ќе не’ разболи и умре
2007 – Секој вакциниран ќе има чип, ќе уништат 6 милијарди луѓе на планетата
2008 – Финансискиот крах ќе ја уништи цивилизацијата
2009 – Свинскиот грип ќе не’ дотолчи – сите до еден!
2010 – Харп не’ зрачи – го контролираат времето!!!
2011 – 4Г ќе не’ убие сите, птиците прво, па нас
2012 – Завршува Мајанскиот Каледнар  – Сите ќе умреме!
2013 – Војна Со Северна Кореја – Сите ќе изгинеме во ниуклеарна војна
2014 – Ебола! Сите ќе умреме!
2015 – ИСИС ќе не’ убие сите до еден!
2016 – Комарците ќе не’ заразат со вирусот Зика. Сите ќе умреме
2017 – Глобалното затоплување ќе ја уништи планетата
2018 – Климатските промени ќе не’ убијат сите до еден, готово е
2019 – 5Г убива и животни и луѓе!!!!
2020 – Короната ќе не’ убие сите, готови сме!
2021 – Мутациите на корона вирусот ќе не’ убијат, нема спас!

Хронично параноични и после си играат к-ташак со нас? Не име, презиме, идентитет, пол, ген, род и сој ќе ви сменат и пред нос ќе ви се случи и ниту ќе видите, ниту ќе препознаете. Три дена трае дебилизмот на граѓанска свест и најчесто кај некој сточар кој ве убедил дека е рамна и НАСА е фотошоп али никако да ви се уклопи како и Русите лажеле, ама и они педери, али нивната вакцина е океј пошо на Бил Гејц имала чип… чекај, а која е на Билгејц вакцината? Израелската? Мада пак не ни е јасно оти не ни кажуваат Русите дека Америте не слетале на месечината… ах, да, биле платени. Ок, помина рокот, што ќутат сега?

До бесконечност е паранојата во која живеете и уживате во неа, се занимаваме со маргинални работи додека животот и реалните проблеми ги одминуваме. Неспособни ни името на земјва да го одбраниме, се нафативме веќе да го браниме Гоце? Па и тоа ако се спаси, нема да биде ваша заслуга. Зошто? Затоа штом вие и блиските зборите за вистина оти сте прочитале на ФБ или ЈуТјуб – тоа е првиот знак дека сте манипулирани.

Човекот само со лично просветление осознава, а науката, која ја мразите, оти 99% не знаат ни базична математика и природни закони, ја одбегнувате и негирате, а таа е илуминацијата на цивилизацијата – тоа што знаете да читате не ве прави писмени.

Не дечки, ништо не правите и нема да направите, не можете, не дека не сакате. А, сиот труд се сведува на разгледување на балкански видеа. Е па чорба, заслужена чорба.

2005 година прва пат реков во мојата емисија, а потоа се’ почесто го говорев, СЕ Е ИГРАНКА ЗА ИМЕТО – ме исмејувавате – ок, еве сме, сега се чудите оти молчам? Јас се чудев каде бевте минативе децении?

Ни игранската со Бугарите, Мијалков и она што ќе биде со Македонија немате поим, само се обидувате на тепка, без никаква логика – освен ЈуТјуб, да се просветлите, а можете, има начин ама готовани сте. Се вика читање и образование – но вие на книгите не им верувате – на науката уште помалку… па кому тогаш, на разни трипирипичони кои ви го галат увцето – галите се , така овците се носат кон кланица, со галење и со убаво – дури не е предоцна. Згора, се декларирте како Божји, а во него не верувате? ШИЗОФРЕНИЈА!

Луди, ненормални и абнормално багателни, еве го ценовникот

Една крава чини 600 евра
– овца 100 евра
– коза 50 евра

– Македонец пред избори – 10 евра!

Автор: Јанко Илковски за НетПрес