Идната влада ќе ја предводат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, покажува анкета

Анкетата на интернет порталот Рејтинг.мк покажува дека лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводат идната влада.

На прашањето кој ќе ја предводи идната македонска влада дури 67.05 проценти гласале за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, додека пак претседателот на СДСМ Зоран Заев има само 32.95 проценти или дупло помалку од Мицкоски.

Според аналитичарите, зголемената доверба од страна на граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се должи на јасната стратегија, конкретните мерки и проекти кои што изминатите две недела ги презентираше Мицкоски, како и отворениот пристап на Мицкоски со граѓаните, а како една од причината за поддршка на ВМРО-ДПМНЕ ја наведуваат и способноста на Мицкоски за соочување со предизвиците.

Според информациите кои што кружат се очекува довербата и поддршката кон ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да расте преку презентирање на дополнителни мерки кои што ќе бидат дел од предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ. Дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски стекнува се поголема доверба од страна на граѓаните се потврди и по вчерашното телевизиско соочување со претседателот на СДСМ Заев, во емисијата Само вистина на Канал 5, каде што по пуштените анкети кој бил подобар на ТВ ДУЕЛОТ, граѓаните дадоа едногласна поддршка за Мицкоски, а дополнително на ова е и потврдата на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук каде што граѓаните коментираа дека се одржал дуел помеѓу Мицкоски поборникот за правда и владеење на правото од една страна и Заев како шпекулант со излитени тези од друга страна.