Идната влада на Бразил ќе ја исклучи земјата од пактот за миграции на ОН

Идниот бразилски министер за надворешни работи Ернесто Араухо најави дека новата бразилска влада, којашто наскоро ќе стапи на должности, ќе го исклучи Бразил од пактот за миграции на Обединетите нации, само неколку часа откако актуелната бразилска влада го прифати овој документ во Маракеш.

„Владата на Болсонаро ќе се исклучи од Глобалниот миграциски пакт кој е потпишан во Маракеш, имајќи предвид дека тоа е несоодветен инструмент со којшто треба да се справува со проблемот.. Имиграцијата не треба да се третира како глобален проблем, туку попрво како согласно реалноста и суверенитетот на секоја од земјите… Иако го подржаа Бразил и повеќе од 150 земји, Глобалниот компакт не обвозможува суверено право на државите да ја одредат својата миграциска политика“, напиша на Twitter, идниот шеф на бразилската дипломатија, Ернесто Араухо.

Глобалниот пакт за миграциите беше усвоен во понеделникот на конференцијата во мароканскиот град Маракеш, на кој учествуваа официјални делегации од над 150 земји. Пактот уште мора да го потврди Генералното собрание на Обединетите нации.

Договорот, или како што конкретно се вика „Глобален компакт за бебедни, уредени и регуларни миграции“, колоквијално е наречен „Маракешки договор“, според градот во кој на 10-ти декември беше потпишан. Тој беше создаден под покровителство на Обединетите нации, а поставува низа цели за да се осигурат „безбедни и регуларни“ миграции, вклучително и заштита на мигрантите од експлоатација и кршење на човековите права. Процесот на составување на овој документ почна со усвојувањето на Њујоршката декларација за беглаците и мигрантите од 2016 година, којашто ја прифатија 193 земји членки на ОН.

САД се повлекоа од преговорите за договроот во 2017 година, кога претседателот Доналд Трамп изјави дека е апсолутно некомпатибилен со миграциските политики на неговата земја. Австрија, којашто моментално претседава со ЕУ, се повлече од гоговорот кон крајот на октомври 2018 година, кога тоа го стори и Австралија. Најверојатно тоа ќе го сторат и Чешка, Полска и Унгарија, центалноевропски земји членки на Европската унија, кои заедно со Словачка ја сочинуваат ткн Вишеградска група, коишто се противеше и на распределбата на мигрантите според принципот на квоти одредени од ЕУ. Слични најави дојдоа и од Бугарија, Израел и од Швајцарија.

Араухо, исто така, е скептик и кога станува збор за климатските промени, и понат е како антиглобалисти, би требало во јануари да стане нов бразилски министер за надворешни работи, кога владата на избраниот крајно десен претседател Жаир Болсонаро ќе стапи на должност.