Идната Влада водена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има стратегија за просперитетна и европска Македонија

ВМРО-ДПМНЕ по формирањето на владата се обврзува на обнова на Македонија во сите сфери во општеството, со цел подобрување на животот на граѓаните, се вели во соопштението на оваа партија.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди зголемување на просечна плата во државата за цели 25% за еден мандат, зголемување на просечната пензија на пензионерите за +20% во еден мандат односно повеќе од 3.000 денари за секој еден пензионер.

ВМРО-ДПМНЕ преку новите мерки предвидува невработеност под 10% и 0% персонален данок за младите до 29 години.

Владата што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на рамен данок од 8%. Ќе има обнова која ќе донесе раст на БДП за повеќе од 4% годишно. Две милијарди евра инвестиции во патишта. 150 километри експресни патишта, енергетска обнова на домовите на граѓаните и гасификација на целата држава со бесплатни приклучоци за гас за секое домаќинство. Изградба на нови 20 и реконструкција на повеќе од 50 училишта. Поголеми примања за Универзитескиот кадар, повеќе бесплатни лекови за ранливите групи. 4 нови клинички центри и редица други проекти кои што се дел од Проектот наречен „Обнова на Македонија“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека имаат стратегија, методологија, визија по кои ќе работи чесно и честито.

„Гласот за ВМРО-ДПМНЕ е глас за обнова, а гласот за СДСM е глас за криминалот кој мора да биде поразен.

СДСM ќе остане партија заробена од Заев и Шекеринска кои се последните остатоци на криминалната транзиција. За спас на Македонија, на 12-ти април транзициските криминалци мора да бидат казнети за штетите кои ги направија“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.