Иднината на Македонија е ЕУ, и како дел од НАТО

Се разбира дека ја гледам Република Македонија како дел од тоа европско семејство и како дел од НАТО алијансата, така што не само сега, во минатото и во иднината нема никаква дилема околу иднината на македонскиот народ, на граѓаните и на земјата, рече во петокот вечерта челникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во неговото интервју за телевиозијата Алфа.

Дали сте антизападен,  беше прашањето на новинарот на ТВ Алфа до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  на што првиот човек на најголемата опозициска партија во Македонија одговори дека не сака да ја коментираа таа смешна теза, но како што рече за граѓаните да го знаат генерално неговиот став е дека тој ја гледа земјата како членка во ЕУ и НАТО.

Смешно е да се коментира дека сум антизападен. Ја гледам Република Македонија како дел од НАТО и европското семјество. Немам никаква дилема за иднината на граѓаните на Македонија. На ЕПП ние оставривме средби со високи политичари, исцрпивме определини совети сугести… Не би сакал да коментирам на оваа теза. Иднината на Македонија е Европската Унија, и Македонија како дел од НАТО алијансата, изјави Мицкоски.

Додека јас го стекнував своето образование на универзитетите во Западна Европа, претседателот на тогашната опозициона партија, а сега аболициран политичар и премиер на Република Македонија. Зоран Заев, се’ уште се занимаваше со евро за него, евро за Вицето кај Мирче Свињарникот. Ако се сеќавате на онаа позната лента која се’ уште можеме да ја видиме на Јутјуб каналот, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,.

Мицкоски образложи дека тој не е антизападен, туку напротив тој како политичар апсолутно верува во тие западни вредности, .

Впрочем видовте и во изминатите денови од 6 до 8-ми на конгресот што се одржа во главниот град на Финска, Хелсинки каде што  присуствуваше официјална делегација на ВМРО-ДПМНЕ. Таму остваривме бројни средби, остваривме средби со високи политичари и претседатели на сестринските партии. Имавме можност да размениме искуство од политичките случувања во Република Македонија но и во нивните земји, да исцрпиме определени совети и сугестии, како понатаму да продолжиме итн. Генерално не само што не можам и не би сакал да ја коментирам таа теза но сепак би рекол во интерес на тоа што јавноста мора да добие одговор на секое прашање. Да немаме дилема иднината на Република Македонија е ЕУ, Македонија во ЕУ, како рамноправна членка со другите членки. И како Македонија како дел од НАТО алијансата се разбира, потенцира Мицкоски