Прво, кога Никола Груевски ќе отиде повторно на одмор во Турција, треба да се друговори со турскиот претседател Ердоган, НОВАТА ИМИГРАНТСКА РУТА ДА НЕ ПОМИНУВА НИЗ МАКЕДОНИЈА. Тоа е многу битно, затоа што земјите преку кои ќе поминуваат новите бранови имигранти ќе бидат налик поплава од луѓе, како што се случи во Скопје – со водата. Нови бранови ќе има, бидејќи Ердоган ќе им го сврти грбот на ЕУ и ќе договори со Путин конкретни мерки за нејзиното рушење.
Второ, НЕ ПОДОЦНА ОД ОКТОМВРИ претседателот Иванов или премиерот Димитриев мора да потпише ДОГОВОР-ГАРАНЦИЈА со Русија и со Кина за зачувување на територијалната целост на македонската држава и за неменување на македонското име и идентитет. Тие договори ќе бидат македонски адути за иднината, бидејќи е можно во време на иден светски конфликт Македонија да биде окупирана како во Првата така и во Втората светски војна. Затоа мора да се обезбедиме во однос на идните победници. Мора да ја прекинеме досегашната традиција да бараме милост постфактум од победниците, затоа што претходно не сме ги препознале како победници.
НА ВНАТРЕШЕН ПЛАН:
Прво, до пролетта на 2017 година да се задржи каква-таква Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа значи, да нема избори до крајот на годината, техничка Влада со министри од СДСМ, цензура во медиумите и така натаму. ВО ТИЕ КРИТИЧНИ МЕСЕЦИ ЗА МАКЕДОНИЈА САМОУБИСТВЕНО Е ДА СЕ ДАВА КЛУЧНОТО МВР НА ОПОЗИЦИЈАТА, КАКО И ЦЕЛОДНЕВЕН ДРЖАВЕН ТЕЛЕВИЗИСКИ КАНАЛ НА АЛБАНЦИТЕ. Значи, целта е минимум за зачувување на досегашното статус кво.
Второ, Уставниот суд да го поништи СЈО како противуставно и да се оневозможи неговото повторно создавање од ист вид, со исти членови, функции, плати итн. Вистина е дека на 20 јули претставниците на 4-те партии принципиелно се договорија да го создадат СЈО во временска рамка од 5 дена, доколку го укине Уатавниот суд. Но, претседателите на партиите не ставиле потпис под договореното, па дури и да стават потпис, работата може да се пролонгира барем до крајот на годината од аспект на несогласување. Тука СВОЈОТ ЗБОР МОРА ДА ГО КАЖЕ И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ПРЕКУ МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ПРОТИВ КОМПРОМИТИРАНОТО СЈО.
Ако изборите бидат закажани за 11 декември, тогаш СДСМ, Соросоидите, Бејли и ЦИА ќе се обидат да остварат пуч пред тој датум. За тоа ќе ја имаат можноста преку министрите и замениците од СДСМ (пред се од МВР) и на СЈО. ЗНАЧИ УТВРДУВАЊЕТО НА ДАТУМ ЗА ИЗБОРИ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА ЌЕ БИДЕ РЕАЛНА МОЖНОСТ ЗА ПУЧ СО АПСЕЊЕ НА ЛИДЕРИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ.
Ако изборите бидат одложени за на пролет, горните фаци повторно ќе се обидат да направат пуч на есен, но тешко ќе им оди при министер од ВМРО-ДПМНЕ и парализираното СЈО. Тогаш ќе бидат користени имигрантите (само што Ердоган може да го спречи тој план) и увезени пучисти, плус терористи од Косово. Но, МВР и армијата ќе имат капацитет да го решат успешно тој проблем.
Во горниот контекст МНОГУ Е БИТНО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДА БИДЕ СПРЕМЕН ЗА РЕАКЦИЈА НА СЕКОЈ ОБИД ЗА ПУЧ. ДА БИДЕ СПРЕМЕН ЗА БОРБА. ОД ТОЈ АСПЕКТ ГИ ГЛЕДАМ СЕКОЈДНЕВНИТЕ ПОСЕТИТЕ НА ГРУЕВСКИ ПО СЕЛАТА И ГРАДОВИТЕ. Од Семакедонската средба во Трново на 2 август еден психолог или антрополог може да види важни пораки. Организаторите на средбата и илјадниците граѓани (во споредба со малкумината во Скопје, Мечкин камен и Пелинце) отворено му кажаа на Груевски што сакат од него. Како политичар тој кажа помалку, отколку што мислеше, НО МОРА ДА ЧИТАМЕ И МЕЃУ РЕДОВИ. Всушност, пресудни за него како лидер ќе бидат неговите дејствија во идните месеци. Ако ги користам неговите поранешни зборови, доаѓат последните рунди, кога боксерите докажуваат кој е кој.
Меѓу тоа, во Трново се случи неуспешна саботажа, и тоа со исклучување на струјата за околу 25 минути. Саботерите, веројатно биле аматери, не го предвиделе точно обраќањето на Груевски. Но, успеаа да го изненадат организаторот и обезбедувањето на Собирот. Тоа мора да послужи како пример за во иднина.
ЗАТОА ШТО СВЕТСКИТЕ САБОТЕРИ НА МАКЕДОНЈА ТЕШКО ПРОМАШУВААТ.