Игор Џамбазов објави домашно видео, покажа колку е секси Илина

Шоуменот и водител Игор Џамбазов, откако е во врска со алпинистката Илина е многу поактивен на социјалните мрежи. Тој редовно споделува фотографии од местата кои заеднички ги посетуваат низ Македонија, а често знае да се пофали со способностите на својата девојка.

Со оглед на тоа дека станува збор за девојка што ги искачи сите највисоки врвови на седум континенти, нема дилема за нејзината физичка подготвеност.

Овојпат Игор покажа како Илина се крева на вратило.

„Секси мувс он д хоум-меид вратило…“ напиша Игор додека пак во коментари го предизвикаа и Игор да го направи истото и да постира видео.