Игор Мирчески до министерот Хоџа: Кое барање упатено на протестот на тутунарите е политичко?

Игор Мирчески координаторот на новоформираните тутунски здруженија и еден од организаторите на протестот во Прилеп преку јавна реакција по повод излагањето на министерот за земјоделие г-н Аријанит Хоџа во емисијата “Жешко политичко лето” на канал 5 емитувано вчера на 16.07.2021 год го прашува кое барање упатено на протестот е политичко?

-После вчерашната изјава на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г-н Аријанит Хоџа и се позачестениот обид од разни партиски, владини или други структури блиски до политичките партии на власт сведоци сме дека се прави обид сите наши протести кои се правеа за време на откупот на тутунот, како и последниот кој неодамна се одржа во Прилеп да се прикажат партиски или во организација на опозицијата бидејќи тоа и е изгледа најлесниот начин на власта за да ја намали бројноста на истите како и начин некому да му дискредитира реални барања или проблеми за кои нема решение да ги овозможи или реши на вистински начин како што се прави тоа во современите земји. Загрижени сме за тоа што веќе оваа констатација или тврдење сега јавно и доаѓа од највисокото место поврзано со земјоделието. Овие размислувања и констатации не само што се невистини туку веќе и задираат во нашата вистинска и искрена борба за правата на земјоделците.

Еве јавно г-не министер сакам да ве запрашам:

Кое барање што е упатено на протестот во Прилеп е поврзано со политика?

Дали доисплатата на субвенциите, мерките или ковид пакетите. Или пак за законот за продажба на земјиштето каде ниту еден земјоделец не дал позитивно мислење освен можеби неколку мина намерно поставени пред камери, или како што рековте за зелената такса која ке предизвика поскапување на горивата, а со тоа и на цените на производите за целокупнита потрошувачка, земјоделците немало да осетат бидеќи земале зелена нафта.

Па затоа ќе ве прашам тутунарите земаат зелена нафта?
сточарите земаат зелена нафта?

А за другите гранки кога ќе биде таа фамозна зелена нафта на почеток на сезоната или на крај на сезоната, пред избори или после нив?

И затоа драги мои господа не ние, туку вие оставете ја политиката и решете ја проблематиката, стои во јавната реакција на Мирчески.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.